Валерија испуштена од болница. На 14-ти декември се враќа дома

Малата Валерија Зафировска е испуштена од болницата во Истанбул каде успешно и беше отстаранет туморот на мозокот. На 14-ти декември, детето со нејзините родители –  се враќа дома.

Во меѓувреме, тие ги чекаат резултатите од биопсијата по што треба да се препише и терапијата која детето треба да ја прима.

„… 98 проценти од туморот е отстранет, без да предизвика компликации на десната страна, рака, нога и говор. Според биопсијата, ќе знаеме со каква терапија ќе се лечат тие 2 отсто..“ кажа мајката на Валерија, Марина.

Таа додава дека она поради што се одлучиле детето да се оперира во Истанбул е што во Македонија им кажале дека ќе отстранат само 70 отсто од туморот, а Валерија ќе биде со оштетен центар за говор и со парализирана десна страна.

Терапијата, Валерија исто така ќе ја прима во Истанбул, а на 14 декември треба да се вратат во Македонија.

Во меѓувреме, детето с ечувствува одлично и таа добро закрепнува по операцијата.

 

SHARE

LEAVE A REPLY