И догодина, пријавите за екстра приход ќе се поднесуваат на шалтер

И догодина, пријавите за екстра приход ќе се поднесуваат на шалтер. За годинава останува обврската на граѓаните да поднесат хартиена годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи, најдоцна до 15 март.

Од 2019 година, пак, УЈП по електронски пат ќе прави увид во приходите на граѓаните. Со овие измени УЈП ќе ги добива податоците по електронски пат за секој граѓанин поединечно и наместо нив ќе ја изготвува електронската даночна пријава. Граѓаните ќе имаат обврска само со помош на компјутер да ја отворат пополнетата пријава, да ја прегледаат и да ја одобрат или корегираат. На тој начин, велат од Управата, со еден клик се завршува целата работа:

  • Ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме рамо до рамо со модерните даночни администрации, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

За воведувањето на оваа даночна реформа, ЕУ преку ИПА фондовите на Македонија и исплати околу 100.000 евра:

  • Реформите на јавните финансии се клучен чекор за подготовка на Македонија за членство во ЕУ, рече Никола Бертолини, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ.

Веќе се започнати обуки за компаниите кои ќе треба во текот на 2018 година да ги пополнуваат по електронски пат сите приходи на граѓаните за од јануари 2019 година да не се оди повеќе пред шалтерите на УЈП.

SHARE

LEAVE A REPLY