Македонија го доби и третото нематеријално културно богатство под заштита на УНЕСКО – мартинките

Македонија го доби и третото нематеријално културно богатство под заштита на УНЕСКО. Од денес, на листата на заштитени културни добра се и мартинките.

Иницијативата за нивно впишување на листата на  УНЕСКО беше поднесена во 2013 година од страна на Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија, земји каде оваа традиција се пренесува со години и се почитува.

„… Културните практики поврзани со 1-ви март опфаќаат традиции пренесени од антички времиња за да го прослават почетокот на пролетта. Главната практика се состои од изработка, нудење и носење на црвена и бела нишка, која потоа се одврзува кога ќе се види првото цветче дрво, голтање или штрк… Сите членови на засегнатите заедници учествуваат, без оглед на нивната возраст, а практиката придонесува за социјална кохезија, меѓугенерациска размена и интеракција со природата, поттикнување на разновидност и креативност. Засегнатите заедници активно се вклучени во напорите за инвентаризација, истражување, документирање и промовирање на елементот, и во тек се бројни културни проекти насочени кон нејзиното чување…“, стои во образложението на УНЕСКО.

Традицијата на изработвање мартинки, се поврзува со првиот ден на месец март:

  • Оваа традиција, за која се верува дека има предхристијанско потекло, во себе носи различни верувања пред сé поврзани со заштитата и магијата на црвената и бела боја кои претставуваат здравје и прочистување, но и со одбележувањето на доаѓањето на пролетта и првиот ден од аграрната нова година, појасни м-р Василка Димитровска, ХАЕМУС.

Традицијата на изработување мартинки, во источниот регион е најзастапена во делчевско:

  • Традиција е најстарата жена во семејството да им подари мартинки на дечињата , направени од црвен и бел конец, кажа Васка Илиева.

Мартинките се третото нематеријално културно наследство под заштита на УНЕСКО. Претходно, на листата беа впишани и штипската традиција Четр’се, како и делчевското оро Копачка.

 

SHARE

LEAVE A REPLY