Опрема вредна 10 милиони евра за општините од Истокот

Опрема вредна 10 милиони евра ќе добијат општините од Истокот. Се работи за набавка, во склоп на проектот за регионална депонија, кој се работи изминативе неколку години. Тендерот за опремата ќе биде распишан првите месеци од 2018-та :

  • Станува збор за канти за примарна селекција за отпад и специјализирани возила за отпад коишто ќе бидат поделени на сите 11 општини, односно на јавните претпријатија, објасни Драгица Здравева, рак. на Центар за развој на ИПР.

Во меѓувреме, се формираше и регионалниот одбор за управување со отпад, за чиј претседател и избран градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Прироритет до крајот на месецов е преминувањето на стручните служи во регионални центри како правни субјекти, по сите обврски според Законот за управување со отпад :

  • Треба до крајот на месец декември постојните стручни служби да преминат во регионални центри како правни субјекти. Вие знаете дека ние имаме регистрирано претпријатие „Депонија Исток“ за управување со отпад, а во натамошната постапка ќе видиме дали ќе остане едно или ќе се формираат две претпријатија за источниот и североисточниот регион, дополни Здравева.

Инаку, според досегашните проценки, вкупното количество на отпад е 0,6 килограми по жител на Регионот од ден. Ова значи дека вкупното производство на отпад на Истокот годишно е околу 40.000 тони.

Целта на регионалната депонија е истиот да се собира на едно место, да се селектира и обработува. Истата, најверојатно ќе се наоѓа во светиниколско.

 

SHARE

LEAVE A REPLY