Политиката „ја закочи“ економијата, тврдат од Народна банка

Политичката криза е главниот виновник за стагнирањето на економијата годинава, тврдат од НБРМ.

Неизвесноста и активностите околу изборните процеси си го земаа данокот, па очекуваниот економски раст на Народната банка на Македнија годинава не се оствари :

  • Во просек економијата растеше околу 3%, тоа беа стапки на раст коишто беа едни од повисоките во регионот на Централна и Југоисточна Европа. Меѓутоа, со ескалацијата на политичката состојба и повисоката политичка неизвесност, растот забави во 2016-та година, изјави Анита Ангелоска Бежоска, вицегувернер на НБРМ.

Сепак, очекувањата на Централната банка се дека и покрај ситуацијата, ќе има минимален економски раст :

  • По забавената економска активност во 2016-та година и падот на економската активност во првата половина на 2017-та се очекува постепено закрепнување на овој сегмент, и за целата година очекуваме економски раст од 0,5%, истакна Бежоска.

Проценките на НБРМ се дека во наредните години, економскит раст ќе се забрза до одредено ниво од околу 3%.

Ова меѓу другото Бежоска го кажа и пред студените на Економскиот факултет при УГД, во склоп на предавањето за монетарната политика во Македонија, односно нејзиното спроведување и предизвици.

 

SHARE

LEAVE A REPLY