Прв интернационален симпозиум за традиционална кинеска медицина во Штип

Традиционалната кинеска медицина, во многу случаи се покажала поефикасна во третман на различни заболувања, во однос на западната, односно конвенционална медицина. Меѓу другото, процентот на успешност при третман на канцер, е многу повисок кај кинеската медицина, покажале истражувањата:

  • Огромен број заболувања за кои западната медицина се уште нема одговор можат успешно да се третираат со кинеската медицина, кажа Рубенс Гулабовски, декан на Медицински факултет.

Постојат неколку техники на делување на кинеската медицина меѓу кои се хербалната медицина, специфични видови на масажа и секако, акупунктурата:

  • Во изминатива 25 години, многу пациенти од Македонија се третирани со акупунктура , но без ефект, зашто се лекувани од луѓе кои не с епрофесионалци. Акупунктурата е сериозен третман кој бара сериозен пристап, кажа Јихе Жу, доктор по клиничка медицина.

Доколку правилно се користи, акупунктурата има докажан ефект врз болката, но и врз 140 дрги видови на заболување:

  • Со акупунктура и , воопшто, традиционална медицина не треба да се бават билкари, туку исклучиво обучен медицинскаи персонал, кој освен што ќе ја познава акупунктурата, одлично ќе ја познава и природата и патологијата на заболувањето коешто ќе го третира, истакна Мартин Каровски, учесник на симпозиумот.

Штип е единственото место на Балканот каде веќе втора година, во склоп на УГД,  функционира Центар за традиционална кинеска медицина:

  • Многу ми е мило што оваа наука го наоѓа своето место во Македонија. Неколкупати го изразив своето задоволсто за напорите на Македонија и вашите универзитети да соработуваат со кинеските универзиети и институции кои годишно, успешно лекуваат над 12.000 пациенти со т.н. традиционална медицина, рече Јин Лисјен, амбасадор на Кина во Македонија.

Во овој контекст, Штипскиот универзитет беше домаќин на Првиот интернационален симпозиум за традиционална кинеска медицина:

  • Сакам да им кажам најмногу на студентите, да бидете горди што сте дел од овој Универзитет, овој е еден од најдобрите универзитети во Македонија, истакна Блажо Боев, ректор на УГД.

Инаку, од 2015 година наваму, со измени во Законот за здравствена заштита,  традиционалната кинеска медицина, во Македонија  е призната како метода која овозможува третман и лекување.

SHARE

LEAVE A REPLY