Реципроцитет: Ако нема руски новинари во Стејт департментот во Вашингтон, ќе нема ни американски во Руската дума !

Државната Дума усвои забрана за влез во долниот дом на парламентот на американските медиуми кои Министерството за правда ги прогласи за странски агенти.

„Државната Дума го смета за неприфатлив секој напад на човековите права и слободи, слободата на говорот и правото на добивање и ширење информации. Штитејќи ги демократските вредности, пратениците на Државната дума го оставаат за себе правото да преземаат симетрични мерки во врска со одлуката за лишување на низа руски новинари од акредитациите за влез во американскиот Конгрес“, се вели во соопштението.

Предвидено е да се „воведе забрана за посета на Државната дума на претставниците на американските медиуми кои вршат функцијата на странски агенти“, наведе Спутник.

Министерството за правда на Русија вчера објави листа од девет медиумски куќи на кои им е доделен статусот на странски агенти. На листата се наоѓаат Гласот на Америка, Радио Слободна Европа, Фактограф, Сибир.Реалије, телевизијата Карент тајм, татарско-башкирскиот сервис Радио Слобода, Идел.Реалије, Кавказ.Реалије и Крим.Реалије.

LEAVE A REPLY