Штип доби Стратегија за млади

Младите со го кажаа своето. Преку истражување, младите штипјани ги посочија нивните најголеми проблеми во општината во делот на образование, миграција, здравство, урбанизам, култура, спорт и други области :

  • Младите сакаат да бидат вклучени во донесувањето на одлуките на општината, најголем проблем сеуште е невработеноста, исто така бараат изградба на кино сала и слично, изјави Сања Стефанова, прет. на Совет на млади – Штип.

Сите овие забелешки и препораки за нивно решавање ќе бидат сместени во т.н. Стратегија за млади, чија цел е решавање на младинските проблеми и вклучување на младите во важните општествени одлуки.

Поддршка за ова, добија и од Советот на општината :

  • Изразувам поддршка во делот на сите активности коишто младите ги планираат, истакна Јане Миланов, претседател на Совет – Штип.

Изготвената стратегија е за периодот од 2018-та до 2020-та година.

SHARE

LEAVE A REPLY