Штип ќе добие канцеларија за поддршка на дијаспората

Штип ќе добие канцеларија за поддршка на дијаспората, која при доаѓање во Македонија, ќе им помага и информира иселениците за работите да си ги завршат најбрзо што се може :

  • Кога граѓаните доаѓаат во своите родни места често имаат потреба од вадење на документи и за да не лутаат 10-тина дена, ние ќе им помагаме тоа да се заврши брзо, изјави Едмонд Адеми, министер за дијаспора.

За таа цел, денес министерот Адеми имаше средба со штипскиот градоначалник Бочварски, на која разговарале за конкретните потреби за реализација на проектот :

  • Разговараме и за конкретни простории, како тоа можеме да го реализираме, да приспособиме канцеларии во општинската зграда и да бидеме спремни кога ќе почне реализацијата на проекот, кажа Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Посетата на Адеми започна од Штип, а ќе продолжи во сите поголеми општини во државатa.

Инаку, ниту една институција не води статистика за тоа колку македонци се иселиле од државата. Се се сведува на генерални претпоставки :

  • Оперативно калкулираат со некоја бројка од 500.000 граѓани на територија на целата држава, истакна Адеми.

Според локални проценки, само од Источниот регион последната деценија се иселени над 35.000 жители, односно како еден град со големина на Кочани.

SHARE

LEAVE A REPLY