ВИДЕО: Над 300 џихадисти се вратија дома на Балканот откако останаа без „работа“ во Сирија и Ирак !

Официјалните проценки на безбедносните служби на ЕУ и земјите од Западниот Балкан покажуваат дека, од појавата на ИСИС, на Блискиот Исток заминале да војуваат околу илјада луѓе од овие простори.

Дел загинале во борбите во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во своите матични земји.Се проценува дека од вкупната бројка се вратиле околу 300, а 200 загинале. Остатокот се жените и децата кои ги повеле со себе во војна на страната на Исламска држава.

Истражувањето под наслов „Игра на трпение: проценката и одговорот на заканата која враќањето на странските борци ја претставува за Западниот Балкан“ покажало дека од 2012 до 2017 година околу 5.000 луѓе од земјите на ЕУ заминале во Сирија и Ирак, а меѓу нив околу 1.000 луѓе од Балканот.

Виена и понатаму е главниот центар каде што се радикализираат и организираат исламистите од регионот. Безбедносните експерти тврдат дека посебно внимание треба да се посвети и на јакнењето на радикалниот ислам и салафистичко-вахабистичкото движење во Словенија, чие седиште е во Јасенице.

Словенечката разузнавачка служба веќе неколку години ги надгледува исламските организации во земјата. Тие предупредија дека радикалните исламисти во иднина можат да претставуваат непосредна закана по националната безбедност.

LEAVE A REPLY