Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел…на потег „Арапската лига„ !

Време е Ерусалим да биде признат за главен град на Израел, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Мојата објава го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Во 1995 година, Конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство.Сепак, во текот на сите тие години, претседателите кои ја претставуваа САД одбија официјално да го признаат Ерусалим за главен град на Израел – истакна Трамп.

– Всушност, ние одбивме да признаеме кој и да е град за престолнина на Израел. Но, конечно го признаваме очигледното, а тоа е дека Ерусалим е главен град на Израел. Тоа не е ништо помалку, ни ништо повеќе од признавање на реалноста. Исто така, тоа е исправна работа. Тоа е нешто што требаше да биде направено, потенцира Трамп.

Сепак, тој потенцираше дека САД се уште се залагаат за решавање на израелско-палестинскиот конфликт по принципот „две држави“.По неговата изјава, уследија првични протетси против САД и одлуката на Трамп…

LEAVE A REPLY