Хрватска: Момче починало во кафуле, тие продолжиле да се забавуваат како ништо да не било !

Смртен случај во кафуле во хрватски Огулин.Полицијата презела мерки од своја надлежност, а во конкретниот случај се работи за природна смрт на момче од 21 година.

Неофицијално се дознава дека несреќното момче само што излегло во град, се случила трагедија, а неговите пријатели останале огорчени, не само поради неговата смрт, туку и поради тоа што се случувало подоцна. Имено, иако несреќното момче било пренесено во болница, вечерта продолжила со музика и забава, како ништо да не се случило.

Еден од пријателите на починатиот напишал:

– Во кафулето згасна еден млад живот, момчето само се сруши на под. Дечкото не дишеше, немаше пулс, Итната помош се обиде да го реанимира, меѓутоа безуспешно. Уште полоша работа е што атмосферата после трагедијата ни малку не се промени, сите продолжија со забава како ништо да не се случило… Бев таму кога сè се случи и, искрено, останав засрамен поради однесувањето на младите кои беа таму, заклучил шокираниот пријател.

LEAVE A REPLY