Природа и здравје – масажа за одзатнување на нос

Ниските температури со себе го носат проблемот „затнат нос“. Нормално е веднаш да одиме во најблиската аптека и да си набавиме соодветни капки кои би го олеснале дишењето, но пред да се потрошат пари и време, не е лошо да се проба кинескиот метод за одзатнување на нос.

Станува збор за масажа, а за да ја изведете потребни ви се само рацете. Се изведува на следниов начин:

Палецот и показалецот ставете ги во празнината каде завршува клучната коска на рамото. Правете нежни кружни движења од 30 до 40 пати во ултра малата област. Оваа интензивна масажа го отстранува отокот и ви помага брзо да се справи со затнатиот нос. Потоа рацете потпрете ги на вратот и 30 пати туркајте надолу (кон градниот кош). И за крај потребна е и релаксирачка масажа на ушите. Ставите ги прстите околу вашето уво и внимателно масирајте во период од една минута.

Повторувајте ги овие три постапки додека не почувствувате олеснување.

SHARE

LEAVE A REPLY