Природа и здравје – Маска за чистење на митисери

Многу луѓе се жалат на непријатните црнки на лицето, познати како митесери. Ние ви нудиме проверен и тестиран метод кој е исклучително лесен за подготовка и употреба, а дава беспрекорен резултат.

За домашниот третман потребно ви е:

четка за заби; паста за заби; стерилна газа; 1/4 лажичка солена вода или 1/4 лажичка камилица;  јогурт и 1/2 лажиче бела глина.

Третманот се изведува во неколку последователни чекори, со што се обезбедува целосно отстранување на непријатните црни точки.

Првото нешто што треба да го направите е да ја измешате пастата со сол користејќи четка за лице.

Нанесете ја смесата на проблематичните области и внимателно протријте. Измијте ја паста за заби од лицето со вода или со камилица.

Мало парче стерилна газа ставете во топла вода и ставете го на лицето. Нека одстои 5 до 10 минути.

Потоа на ред е третиот и последен чекор во постапката. За таа цел, треба да се измешаат јогуртот и глината додека не се добие хомогена мешавина. Се става на проблематичните области на лицето и стои 10 минути.

За крај, лицето се мие со ладна вода.

За да ја задржите вашата кожа во добра состојба, треба да ја применувате оваа постапка еднаш неделно.

SHARE

LEAVE A REPLY