Природа и здравје – Со рен против шипови

Остеофитите се медицинско име на коскени израстоци што предизвикува акутна, неподнослива болка. Ние сме навикнати да ги нарекуваме шила или шипови поради карактеристичната форма што ја стекнуваат.

Многу луѓе страдаат од нив, а народната медицина изобилува со предлози за лекување, се одлучивме да споделиме со вас барем еден рецепт кој може да Ви биде од полза.

Меѓу најпопуларните природни производи кои помагаат да се надмине неподносливата болка е ренот. Коренот е познат по својот моќен ефект на затоплување, а за да го подготвите овој рецепт потребен ви е свеж рен.

По миење и чистење на коренот, ставете го во машина за обработка на месо.  Мелењето е готово кога ќе добиете каша. Смесата се става на парче ткаенина или газа, а потоа се нанесува на болното место. За посилен ефект на греење, на ткаенината може да се прицврсти и шише со топла вода,. Облогата, првично се држи околу 15 минути. По отстранувањето на ренот, областа се мие. Постапката се повторува неколку пати, а со секој следен пат времето на компресирање се зголеми на 30 минути.

Овој метод можете да го применувате додека болката не исчезне.

SHARE

LEAVE A REPLY