Природа и здравје – Алкохолот како лек

Алкохолот во големи количини е штетен. Злоупотребата на алкохол предизвикува многу здравствени и емоционални проблеми, но сепак тој е неизбежен во овој празничен период. Како и да е, треба да се користи само во умерени количини, а така умерено може да даде и здравствени придобивки.

Искористете ги рецепти што ќе ви ги дадам денес.

За третман на акутни респираторни инфекции

Исклучително корисен е топлиот пијалок од 50 милилитри црвено вино, иста количина на минерална вода, 1 лажица мед и 1/4 лажичка цимет. Виното треба да се комбинираат со вода и да се загрее на температура од 40 степени. По ладење, додадете мед и цимет.

Симптомите на респираторните инфекции ќе се ублажат, а може и да исчезнат.

Алкохолот може да биде лек и во ситуација кога ве мачи желудечната киселина.

За да се ослободите од тегобите, треба да консумирате 75 милилитри црвено вино два пати на ден во период од 21 ден. Пијте го пијалок 30 минути пред јадење.

SHARE

LEAVE A REPLY