ВИДЕО: Пијан Русин украл тенк ! Го возел низ град па завршил во продавница !

Полицијата уапси маж , кој украл оклопно возило и со него направил сообраќајка . Инцидентот се случил во Мурманск , на северозапад на Русија . Пијаниот маж го украл тенкот и со него ,,влегол “ во излог од продавница. За среќа , никој не бил повреден.

Тенкот бил украден од регионална школа за питомци на руската армија кои го користеле за свој тренинг и обука.За среќа, тенкот немал боева муниција ниту вооружување. Крадецот се прошетал нис центарот на градот, и на крајот удрил во паркиран автомобил а од таму во излог на продавница.

Полицијата го привела и утврдила дека човекот е пијан.

LEAVE A REPLY