Презентирани податоците од мерењето на воздухот во Источниот Регион и округот Благоевград.

Квалитетот на амбиенталниот воздух во општините од крајниот исток, сепак, не е јака страна. Мерења на амбиенталниот воздух во зимскиот период покажале дека има надминувања на концентрацијата на ПМ 10 честичките. Најмногу во Виница, Берово и Кочани, додека во Делчево и Пехчево не биле евидентирани надминувања на граничните вредности.

  • Споредено и со мерните единици од станицата во Кочани, може да се каже дека во летниот ериод нема загадување на воздухот, а во зимскиот има отстапувања во неколку градови Во Пехчево нема, изјави Јулијана Димцова, инж.технолог.

Слична е состојбата и во регионот на Благоевград, ,

  • Правевме мерења на квалитетот на воздухот во Благоевград, Симитли, Кресна, Струмјани, Сандански. Резултатите покажаа дека има отстапувања на вредностите на амбиенталниот взодух особено на ПМ 10 честичките кои покажуваат дека има влошување на воздухот. Следствено на тоа ние изведовме препораки за да се надмине оваа состојба, кажа Ѓорѓи Бојков, КВЕИ- Благоевград.

Овие резултати се дел од проектот „Заедничка интегрирана политика за  нискојаглеродна економија в прекуграничниот регион“ кој изминативе 15 месеци го работеа НВО Амброзија од Пехчево и Кластерот на обновливи извори на енергија од Благоевград.Во рамките на проектот е подготвен и заеднички документ за нискојаглеродна политика во прекуграничниот регион.

  • Изготвен е заедники документ за нискојаглеродна политика во регионот и ќе се воспостави прекугранична мрежа , рече Јасминка Пашалиска Андоновска,НВО Амброзија.

Документот предвидува и соодветни мерки, кои треба и да ја подигнат јавната свест на граѓаните.

  • Мерките и препораките треба да бидат имплементирани од општините, бизнис секторот и слично, појасни Пашалиска Андоновска.

Резултатите од првите мерења на амбиенталниот воздух во 4-те општини, остануваат предизвик и за новата локална власт, посебно за бизнис секторот и граѓаните кои  сепак треба да внимаваат каков огрев  користат во своите печки.

SHARE

LEAVE A REPLY