Мартин Поповски меѓу избраниците на Гонзалес за ЕП во Хрватска

Штипскиот ракометар Мартин Поповски, кој е член на репрезентацијата на Македонија, е меѓу избраниците на селекторот Раул Гонзалес за настапот на Европското првенство во Хрватска.

Во Загреб заминуваат 19 ракометари, а во составот од групната фаза ќе настапат 16.

Освен Поповски, за репрезентацијата ќе настапат голамните Никола Митревски, Борко Ристовски и Златко Даскаловски.

На крилните позиции ќе настапат Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Мартин Поповски.

Пикери ќе настапат Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Марковски, а на бековските позиции ќе се најдат деветмина ракометари, меѓу кои и Кире Лазаров.

Македонија првата средба ќе ја има на 13 јануари против моќната Словенија, два дена подоцна силите ќе ги одмери со Црна Гора, а најтешката задача ќе ја има во третиот меч од групната фаза против бранителот на европскиот трофеј, Германија.

SHARE

LEAVE A REPLY