Обвинителот се повлече. Штипјаните Слободан Георгиевски и Стојанче Костадинов 9 месеци во притвор поминале невини

Штипјаните Слободан Георгиевски и Стојанче Костадинов  по  9 месеци во притвор поминале   невини. Ова е денешниот епилог од  познатиот  Случај Претседавач  од 2013 година, откако обвинителот притиснат од одбраната  и  во недостаток на докази  го повлече обвинението:

  • Се водеше една контрадикторна постапка која траеше повеќе од четири години, во која се изведоа многу вербални и материјални докази, како и вештачења од повеќе области, но на крајот Обвинителството заклучи дека нема ниту еден доказ кој оди во прилог на обвинителниот акт, поради што истиот е повлечен, изјави Методи Поп Методиев, адвокат.

Случајот Претседавач  долго беше присутен во јавноста бидејќи  освен  штипјаните  Георгиевски и Костадинов, актер беше и Милорад Шиповиќ, тогашен претседател на Советот на општина Центар.

Освен   спокенатите тројца,  обвинета  беше и  сопругата на Слободан Георгиевски, Сузана Георгиевска  која обвинителството   ја теретеше за  злоупотреба на службената должност.

Откако обвинителот од овој случај се повлече,  се докажа она што нивниот правен застапник Методи Поп Методиев го тврдеше цело време, односно, дека нивната грешка е што имале купо – продажни односи со фирмата „Машинопромет“ на  Шиповиќ:

  • Во конкретниот кривично – правен настан нема место за злоупотреба на службената должност за што беа обвинети сите инволвирани. Сега клиентите кои јас ги застапувам, ќе бараат надомест на нематеријална штета, а претпоставувам дека истото ќе го направат и сите обвините, истакна Поп Методиев.

Уште појасно, се испоставува дека тие се колатерална штета на политички инспираниот случај   со општината  Центар.  Во тој период од општината и самиот Шиповиќ  поединци од власта на ВМРО ДПМНЕ бараа промена на Деталниот урбанистички план.   Неколкупати тогаш Шиповиќ и тогашниот градоначалникот Андреј Жерновски  промените ги одбиваа по што дојде до апсење на Шиповиќ и двајцата штипјани. Од овој период произлезе и Случајот Шамари покренат од СЈО,  а  за кој сега на суд меѓу другите  се соочуваат Жерновски и бившиот премиер Груевски.

Ова е голема лична  победа  и сатисфакција  за сите обвинети, но и  огромна  правна победа  за   познатиот  адвокат Методи Поп Методиев.

SHARE

LEAVE A REPLY