Штип домаќин на изборниот турнир во борење?

Отворена е можноста Штип да биде домаќин на Првиот изборен турнир во борење, откако досега ниту еден боречки клуб не се пријавил на изборниот турнир.

Потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Дејан Богданов, за некои портали изјавил дека доколку нема пријавени клубови за организирање на првенството на 18 февруари, дека постои можност тоа да го стори Балканец.

Доколку ова стане реалност, Штип ќе биде еден од епицентрите на спортска Македонија.

SHARE

LEAVE A REPLY