Бројот на жени кои гледаат видеа за возрасни на секси порталите зголемен за 359 % !

Сајтот за видеа за возрасни „Порнхаб“ ја објави годишната статистика за посетеност во 2017 година која покажува раст на бројот на жени кои го користеле сајтот.

Во 2017 година за 359 отсто пораснал бројот на жени кои гледале филмови за возрасни преку тој сајт, а бројот на пребарувања на видеа наменети за жени се зголемил за 1.400 отсто.

Сајтот имал 28,5 милијарди посети, односно 81 милион дневно, а извршени биле 25 милијарди пребарувања. Објавени се над 4 милиони видеа со вкупно траење од 68 години или 24.811 дена.

Најпребарувани во 2017 година на сајтот биле видеата со лезбејки, додека најпопуларна порно-глумица била Рајли Рајд, пред Миа Калифа и Лиса Ан. Од машките порно-глумци најпопуларни биле Јорди Ел Нињо Пола и Мандинго.

Жените најчесто гледале видеа со лезбијки, додека мажите најмногу уживале во категоријата „Јапонки“.Македонците на „Порнхаб“ најмногу гледале видеа во категоријата „MILF“.

LEAVE A REPLY