Бугарија: Затвореник украл алат од затворската работилница – Го пуштиле на викенд со автомобил, иако лежел затвор за немање на дозвола ?!

Затвореник кој бил на привремен отпуст бегал од полицијата во Бугарија а кога истиот бил запрен, се покажало зошто се одлучил да бега.Имено, во задниот дел на возилото биле пронајдени алати кои ги украл од затворската работилница во Стара Загора каде отслужувал затворска казна од една година и 5 месеци за управување на автомобил без дозвола, пишува бугарскиот венсик „24 часа“.

Но, најчудно е како им станал сомнителен на полицајците ! Имено, на денот на привремениот отпуст тој си заминал со возило марка „Ровер“, кое тој го управувал. На полицијата и станало чудно како може да вози автомобил а да биде во затвор за немање на возачка дозвола, па по ова големо „откритие“ веднаш тргнале во потера по него.

Откако бегал од полицијата како на филм, по 30 поминати километри кај село Дабово (реон на Стара Загора) удрил со автомобилот во дрво по што почнал да бега пеш. Фатен е по 13 часови гоненица и итно е вратен во затворот. 31 годишниот Георги Горгиев сега се соочува со измена на казната за немање на управувачки документ со потешка со која и подолго ќе остане зад решетеки. Полицијата истражува и како успеал да го украде сиот алат од работилницата.

SHARE

LEAVE A REPLY