Вицепремиерот Анѓушев ја „омажи“ неговата групација „ЕДС“ за Грчки инвеститори !

Грчката национална компанија за производство на електрична енергија ППЦ потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во пакет ЕДС ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. Се уште не е јасно за која сума е продадена компанија, но од компанијата велат дека продажбата се прави согласно законите во Македонија.

„Преносот на удели е процедура којашто ќе се изведе согласно законите во нашата земја, вклучително и обезбедувањето одобрение од Комисија за заштита на конкуренција. По завршувањето на сите процедури, ППЦ во целост ќе го преземе менаџирањето на ЕДС.“ – кажале од компанијата.

Анѓушев претходно најави дека, откако ќе биде завршена трансакцијата, јавно ќе каже за колку пари ја продал ЕДС. Сепак изјави дека бизнисот со хидроцентрали останува во негова сопстевност.

Малите хидроцентрали сега веќе се сопственост на неговата другата компанија – Фероинвест. Во јавноста Анѓушев беше критикуван дека ја користи ЕДС за добивање на државни тендери, по што беше раскинат договорот со МЕПСО за снабдување со електрична енергија. Анѓушев тогаш рече дека неговите компании нема повеќе да се пријавуваат на државни тендери.

LEAVE A REPLY