Грипот коси во Британија – 85 починати за една недела а 100.000 со симптоми само во Шкотска !

Мајка објавила дека нејзината 18.годишна ќерка починала од пневмонијакоја била предизвикана од вирус на грип. Во Британија владеепаника бидејќи за една недела се регистрирани 85 смртни случаи од грип, за разлика од лани кога во цела зима починале 48 лица.

18 годишната Бетани е најнова жртва на грипот

Според податоците, За само два дена, бројот на заболени се зголемил за 77% а во Шкотска над 100.000 лица побарале лекарска помош откако добиле симптоми на грип.Она што е особено важно и што носи ризик за Британија од нови смртни случаи е што болниците се болни, нема повеќе места а бројот на пациенти расте.

Грипот инаку е пренесен во Британија од Австралија со неколкумина заболени кои стигнале со авион и истиот се пренел најбрзо до сега.

LEAVE A REPLY