Двајца кочанци на шест шарски врвови за еден ден!

Двајца кочанци, Тони Паунов и Круме Цветков, за само еден ден искачија вкупно шест врвови на Шара.

Мисијата планинарите ја започнаа на врвот Церипашина со висина од 2.437 метри. Продолжиле на врвот Антени, па на Син врв, од каде заминале на масивот Карабунар, па на врвот Бакардан и завршиле на вториот највисок врв во Македонија, Титов Врв со 2.747 метри.

Шар Планина е најголемиот планински масив во Македонија. Нејзината вкупна површина изнесува над 1.600 км2, а најголемиот дел од неа, 56% и припаѓаат на Македонија.

Има дури 27 врвови повисоки од 2.000 метри и претставува најголемата македонска дестинација за зимски и планински спортови.

SHARE

LEAVE A REPLY