Доктори подготвуваат тужби против Клиничката болница Штип. Ќе се случи ли финансиска блокада за стотици илјади евра?

По основ несоодветно исплатен надоместок за дежурство и работа на државни празници, над 100 доктори имаат можност да ја тужат Штипската клиничка болница.

Според  нив, тужбите на најмалку триесеттина доктори веќе се кај неколкумина штипски адвокати и добар дел од нив или се процесуирани или тоа ќе биде сторено во следните неколку дена. Според очекувањата на нашите соговорници, во просек тие очекуваат суми од 3 па се до 8.000 евра по тужба кои се однесуваат  на последните 3 години. Период во кој нивните побарувања не се застарени.

Овие суми не се мали, но не се и конечни зашто неизвесно е колку доктори ќе се одлучат да тужат и колкав дел судот од нивните барања ќе прифати. Според калкулација на некои од тужителите, нивните барања можат да достигнат и над 300.000 евра. Пари, кои Болницата ќе мора да им ги исплати.

Од друга страна, директорот на Штипската Клиничка болница Ален Георгиев тврди дека сумата е далеку помала и нивните пресметки, првично се движат околу 120.000 евра:

  • Тоа не се најави за тужи, јас повеќе би ги нарекол барања на персоналот вработен таму да се пресмета дали биле исплаќани согласно Колективниот договор. Ние ќе правиме анализа за да видиме дали е тоа така и за кој износ се работи. Зависно од резултатот до кој дојдеме ќе видиме како тоа ќе го оствариме, дали со помош од Министерството, дали со сопствени средства. Тој проблем ќе мора да биде решен, изјави Ален Георгиев, дир. на Клиничка болница – Штип.

Која и да е точна од овие калкулации од Болницата велат дека решение ќе се бара и во крајна мера побарувањата ќе бидат исплатени:

  • Ќе кратиме од таму кадешто можеме да кратиме. Најпрво од сопствените сресдства, потоа од делот за набавка на апаратура којашто веќе ја имаме, но се она што влегува во нормална работа на болницата нема да биде стопирано, тврди Георгиев.

Инаку, тужби заради непочитување на колективните договори и законските одредби за исплата на дежурства и ноќна работа имаше во повеќе институции. Досега , пари преку суд добија и полицицајците и пожарникарите.

 

SHARE

LEAVE A REPLY