За првпат МПЦ слави ден посветен на св. Гаврил Велички, светецот кој минатата година беше канонизиран во Штип

За првпат МПЦ слави ден посветен на св. Гаврил Велички, светецот кој минатата година беше канонизиран во Штип. 12 јануари е денот на неговото упокојување, поради што е одлучено споменот за него да се празнува токму денес:

  • Бидејќи тој е роден штипјанец, потекнува од Брегалничката Епархија , тој ќе биде наш застапник и молитвеник пред Бога, истакна протојереј ставрофор Николче Ѓорѓев.

Свети Гаврил Светогорец епископ Велички е роден во Штип во 1926 под световно име Мијалче Парнаџиев. Долго време живее и работи во Штип како ликовен педагог и скулптор. За време на неговиот световен живот, тој остварил многу контакти со овдешните жители, а дел од него на тоа време се уште се сеќаваат:

  • Моите детски години минаа во куќата на светецот, односно на Мијалче Парнаџиев. Тој ми беше сосед, прв учител, прв воспитувач. Со Мијалче се дружев во детските години, се до мојата тринаесетта година, изјави Кирил Манев, некогашен сосед на М.Парнаџиев.

Парнаџиев го напушта Штип  и оди во Свет Гора каде се замонашува, а по враќањето остатокот од животот го минува во Лесновскиот манастир.

Пред да биде прогласен за светец, посебна комисија при Светиот Синод ги бележеше сите негови добрини и чуда кои сега се забележани во житието на свети Гаврил Велички.

Во нрегова чест во Штип се гради црква, подарок од семејството Гогови, потомци на првиот поглавар на МПЦ г.г. Михаил:

Црквата посветена на свети Гаврил Велички се гради на местото каде некогаш биле изложени скулптури направени од него. Најавите се дека откако црквата ќе биде изградена и осветена, овде би требало да бидат изложени неговите мошти.

Во чест на св. Гаврил Велички Светогорец, утре во 12 часот, во Лесновскиот манастир, каде беше старешина и во чиј двор се наоѓа неговиот гроб, ќе се одржи чествување.

SHARE

LEAVE A REPLY