За претседателот на Европскиот совет, Туск…Балканот е подраматичен и од серијата „Игра на тронови“ !

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијалот „Игра на тронови“, иако, како што наведе, во регионот нема змејови:

– Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Стабилноста, безбедноста, просперитетот, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат. Цел на Европа е да помогне тоа сценарио да стане реалност, изјави Туск во Софија на церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија.

Тој оцени дека е добра работа што иднината на Балканот е еден од приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.Туск ги изненади ситиа присутни во салата на Народниот театар со тоа што целиот говор му беше на бугарски јазик

LEAVE A REPLY