Наредната година ќе биде поставена првата цевка за гас во Штип

 

Наредната година ќе биде поставена првата цевка за гас во Штип. Ова, го најави штипскиот градоначалник Благој Бочварски, по средбата со директорот на Македонски енергетски ресурси, Благојче Котески.

Првиот чекор што општината ќе го преземе е рестартирање на јавното претпријатие „Енерго Штип“, формирано за оваа намена и ревидирање на физибилити студијата за гасификација :

  • Ќе продолжиме со изработка и на инфраструктурен и основен проект за гасификација на Штип. Веднаш после тоа, јас очекувам дека во текот на оваа година ќе проектираме, ќе ги завршиме сите проектни документации, со што за една година очекувам дека доколку тече се како што треба, можат граѓаните на Штип да бидат сведоци на поставување на нова алтернативна инфраструктура во градот и поставување на првата гасоводна цевка во градот Штип, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

За изготвување на проектите, општина Штип од буџетот оваа година одвои 6 милиони денари. Колку вкупно ќе чини гасификацијата на Штип ќе се знае по изготовка на потребните проекти.

Во меѓувреме, од МЕР тврдат дека Штип има предност во однос на другите градови, кога во прашање е гасификацијата :

  • Штип е во предност во однос на другите општини затоа што веќе на само три километри од Штип е главната гасоводна мрежа. Главната мерка регулациона станица е во состојба да може да дава гас за Штип. Тука сме да помогнеме технички, но и со знаење, се со цел да може поскоро граѓаните на Штип да ги добијат бенефитите од гасификацијата, кажа Благојче Котески, извршен директор на МЕР.

Според планот, прво ќе бидат гасифицирани индустриските зони и објекти, како и општинските и државни институции, основните и средните училишта :

  • Ќе бараме средства за пренамена на системите на котлите коишто ги имаме моментално во институциите, а се на нафта. За таков тип на пренамена ќе бараме средства од Европските фондови, дополни Бочварски.

По гасифицирање на овие објекти, ќе започне и гасификацијата на домаќинствата. Според пресметките и досегашните искуства, заштедите со користење на гас наместо друг енергенс, се движат и до 70%.

 

SHARE

LEAVE A REPLY