Прес на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ ја изигра довербата на македонскиот јазик

Донесувањето на Законот за јазиците е велепредавство од страна на СДСМ и неговите политички партнери, реагираа денес од ВМРО ДПМНЕ преку прес конференција.

 

–      Вчера бевме сведоци на срамен чин, со кој владеачкото мнозинство ја изигра довербата на македонскиот народ. Имено, донесувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија, јасно говори дека СДС задоволуваат туѓи интереси и плаќаат долгови кон „пријателите однадвор“, кажа  Горан Карашов, ВМРО ДПМНЕ.

 

Што меѓу другото значи Законот за јазици, од ВМРО  на граѓните им појаснија денес.

 

–      Во Собранието на Република Македонија ќе се претседава на албански јазик.
• Во Владата на Република Македонија ќе се претседава на албански јазик.
• Ќе се изврши промена на печатите на институциите на државните органи.
• Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на албанските граѓани.
• Униформите на полицијата, пожарникарството, здравството, ќе бидат напишани на македонски и на албански јазик.
• Дококу не се спреоведува овој закон, казните се од 4-5.000 евра, вели Карашов.

 

Поради ова, потенцираа од ВМРО, бенефит ќе немаат ниту македонските ниту албанските граѓани.

SHARE

LEAVE A REPLY