Приватна истрага на дијабетичар од Штип. Квалитетот на исулинот го проверувал во Данска

Приватна истрага на дијабетичар од Штип. Квалитетот на исулинот го проверувал во Данска. Станува збор за инсулинот на НовоНордиск, за кој во март минатата година беше дозволен паралелен увоз од Турција.

Ова уште тогаш наиде на силно негодување кај дијабетичарите кои тврдеа дека инсулинот кој доаѓа од Турција е со послеб квалитет и е причина за сериозни проблеми врз нивното здравје.

Поради ова, штипјанецот Трајче Митев и самиот корисник на овој инсулин, решил работата да ја провери лично:

  • Јас испратив допис до Новорордикс во канцеларијата во Скопје од каде ми беше одобрено да се обратам директно до фирмата Новонордикс во Данска. Јас испратив два примерока, едниот од стариот инсулин, а едниот од новиот. Пред некој ден добив одговор дека се е во ред, објасни Трајче Митев.

Но според Митев, ништо не е во ред. Ако било во ред, тврди тој, паралелниот увоз немаше да биде укинат:

  • Излегува дека ништо не е во ред. Владата пред некој ден со декрет кажа дека се забранува паралелниот увоз, а причината поради која се прави тоа е неквалитетот на лековите и инсулините кои доаѓаат од другите фармации, на пример од Турција, дополни Митев.

Инаку, паралелниот увоз на лекови наиде на низа реакции и негодувања, а во јавноста излегоа и информации за тоа дека  овој вид на лекови , всушност и не се лекови:

  • Тие лекови се од Сирија, од времето кога исламската Исил командува со државата и со ресурсите коишто ги затекнала. Тие лекови ги носат за Турција, ги препакуваат и ги носат за Македонија. Тие лекови доаѓаат 7-8 години во Македонија, не се штетни, но не се корисни, кажа во гостување на ТВ Стар новинарот Зоран Божиновски.

Засега, освен зајакнатите контроли и промена на условите за увоз на лекови, официјални информации и истрага за тоа какви лекови се набавувале од паралелниот увоз, се уште нема.

SHARE

LEAVE A REPLY