Пронајден дел од украдениот накит од хотелот „Риц“ во Париз – Двајца арамии се уште во бегство !

Дел од украдениот накит од златарата на парискиот хотел Риц е пронајден, а двајца од вкупно петмината крадци се сѐ уште во бегство.

Накитот е пронајден меѓу остатоците од скршениот излог за време на ноќното чистење.Петтмината мажи кои минатата ноќ со секира го скршија прозорецот на златарата во познатиот хотел однесоа роба во вредност од повеќе од четири и пол милиони евра. Тројца од крадците беа уапсени непосредно по грабежот.

Тројца од крадците, кои носеле ракавици, балаклави и пиштоли, како и секири, влегле во хотелот од задната страна и ги разбиле излозите, според два полициски извори, пренесе Гардијан. Тие се обиделе да избегаат од задната страна, но кога откриле дека вратите се блокирани се обиделе да го пренесат пленот преку прозорецот на двајцата соучесници кои чекале надвор.

Еден од двајцата соучесници побегнал со автомобил. Друг избегал на мотор, при што му паднала торбата со накит кога неговиот мотор удрил во пешак за време на бегството, пренесе АП. Пешакот се здобил со мали повреди во таа прилика, изјави еден полицаец кој сакаше да остане анонимен.Службениците сѐ уште работат на утврдување колку точно парчиња накит недостасуваат.

Хотелот, каде што соба за едно ноќевање чини од илјада евра па нагоре, утрово работи како и вообичаено, јави агенцијата.

LEAVE A REPLY