Се чистат речните корита во Виница

Превентивно се чистат речните корита на Градечка и Виничка река. За да не дојде до нивно излевање и да не направат штети на куќите и земјоделските површини долж нивните теченија, општината прави превентивна акција.

„Имајќи го во предвид фактот дека при поголеми и пообилни врнежи, во континуитет имаме излевање на неколку критични места и на двете реки, што пак прави големи штети, како на поединци, така и на нас како Локална власт, во изминативе две недели ангажиравме механизација за постепено регулирање и санирање на речните корита.  Секоја санација отпосле бара големи средства, сведоци сме на последното излевање и штетите кои се направија кај село Градец, каде презедовме одредени зафати, но во очекување на нови дождови, подобро е да превенираме, отколку да санираме“, стои во соопштението од градоначалникот Ивица Димитров.

Јавното претпријатие „Солидарност“ се зафати со чистење на Виничка река која минува покрају Градскиот парк и го дели градот на два дела. Најкритичен дел таму е делот под мостовите, зашто токму таму има најмногу наноси. Вакви акции ќе продолжат да се реализираат и во иднина.

SHARE

LEAVE A REPLY