ФОТО: Жестоки коментари на фејсбук по изјавата дека ФК „Брегалница“ нема императив за прво место и „отпуштањето“ на Горан Здравков !

Генералниот секретар на ФК Брегалница, Борис  Цеков  за фејсбук страницата „Штипски асови“ дал изјава со која предизвика револт и жестоки коментари од страна на фудбалските фанови на штипските сини.
– Немаме императив за првото место. Наша  цел е да ја подмладуваме екипата, да го стабилизираме клубот организационо. Ако ни се укаже шанса  ќе се бориме и за највисок пласман. Ова раководство никогаш не изјавило дека  императив е првото место….Ослободени се од обврските  Горан Здравков, Борис Иванов и голманот Петар Јаневски“– вели   Борис Цеков..
Ваквата изјава, дека клубот нема императив за првото место а посебно „отпуштањето“ на Здравков предизвика дузина негативни коментари од страна на штипјани. Еве дел од нив…

LEAVE A REPLY