ФОТО: Тројазични табли експресно се поставуваат низ Скопје, но дали ќе останат или ќе се остранат ако претседателот не го потпише Законот ?!

Повеќе-јазичните патни ознаки од рано утринава се поставуваат пред сите поважни институции. Една од првите локации каде беа ставени нови патокази кај Музејот на Град Скопје.Но, има едно важно и големо прашања:

-Што ако претседателот Иванов не го потпише Законот и истиот го врати во Парламентот ?

Дали тоа ќе значи отстранување на таблите, бидејќи истите ќе бидат неважечки затоа што Законот не е на сила, или како и секоја македонска реалност,  таблите сепак ќе дремат и ќе чекаат второ гласење па да не трошиме пари, ќе си останат и понатаму…а тоа може да потрае бидејќи според укажувањата, во таков случај и Уставниот суд ќе треба да се произнесе за Законот…

…Настрана фактот, што поставувањето на таблите се случува експресно ! Во историјата на Македонија, ниту еден Закон не бил толку брзо спроведен, за речиси 20 часа од изгласувањето. Дали таблите ги чуваа во подрум, веќе спремни бидејќи е јасно дека не е спроведен ниту тендер ниту ништо, и тие се појавија толку брзо, небаре имале табла-вежба.

LEAVE A REPLY