Харадинај не може во САД со косовски пасош, па затоа си доби албански !

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби албански пасош по итна постапка, откако деновиве не му беше издадена амерканска виза.Пасошот најверојатно ќе биде предаден денеска во Тирана, каде допатува во ненајавена посета и веќе оствари средба со шефот на албанската држва Илир Мета.

Издавањето албански пасош на Харадинај доаѓа во време кога Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи имаа полемики околу влијанието на давањето пасоши на Албанија на жители на Косово и нивно користење за патување во земјите од Шенген зоната.

Албанскиот претседател оцени дека тоа може негативно да влијае на албанските државјани.Инаку, Харадинај и неговата сопруга Анита станаа албански државјани на 24 април 2017 година, со указ потпишан од тогашниот претседател на Албанија, Бујар Нишани.

– На нивно барање им беше дадено албанско државјанство на Рамуш Харадинај и Анита Харадинај, стои на указот објавен на веб сајтот на претседателот на Албанија.

LEAVE A REPLY