Чешка бира претседател: Актуелниот Милош Земан, и покрај аферите пак е главен фаворит !

Чесите денеска и утре гласаат во првиот круг од претседателските избори. Според анкетите на јавното мислење, фаворит е актуелниот шеф на државата Милош Земан. Контроверзна личност, која за неговите приврзаници е политичар подготвен да предизвика со својата мудрост, додека за клеветниците популист со опасна проруска наклонетост.

Кога поддржувачите на Земан го прославија неговиот избор во 2013 година, веќе почна да се покажува контроверзноста околу неговите врски со Русија.Имаше наводи дека неговата кампања делумно била финансирана од бизнисмени со врски со Кремљ. Овие тврдења за руското влијание никогаш не се докажани.

Руското прашање наскоро беше засенето кога чешки медиуми јавија дека Земан бил пијан, на една изложба на крунски накит во земјата.Од неговиот кабинет рекоа дека тој имал вирус.

Како и да е, Земан сé уште има длабока поддршка меѓу Чесите. На митингот во 2015 година, многумина ја поздравија неговата тврда линија против прифаќањето бегалците кои доаѓаа во Европа.Поддржувачите на Земан често го гледаат како искрен политичар, кој не се плаши и да навреди со своето мислење.

Овие карактеристики се повторија во Стразбур во октомври лани, кога рече дека руската анексија на Крим е нешто што треба да го прифати Украина.Петте години на Земан во Прашкиот замок беа возбудливи и Земан се потруди да не свитка кичма пред опозицијата и покрај својата церемонијална улога. И покрај сите афери, Чесите му веруваат и тој е фаворит, пред се заради искреност.

LEAVE A REPLY