Ѕвегорските суроваскари подготвени за Сурова

Ѕвегорските суроваскари подготвени да запишат уште едно издание на традиционалната Ѕвегорска Сурова. Театарот на отворено со свадбарската поворка и благословите за сурова, здрава Нова година, ќе се одржи онака како што е оставено во аманет, на 14 јануари, Василица. Годинава ќе има 70 маски, а младите ѕвегорци ќе го имаат главниот збор на обичајот под маски во Ѕвегор.

  • Кај маските најглавни се невестата младоженецот, мечкар циган и циганка, белаците. Невестата се открива на крајот од денот, изјави Драган Атанасовски.
  • Ние сме задолжени за организацијата. Ние ги покануваме сите да дојдат ќе има интересна забава, вели Дејвид Налбатски, кум на Сурова.

Обичајот под маски во делчевски Ѕвегор е уникатен по многу нешта и често од етнолозите именуван како Пијанечко Вевчани. Ако во цел Пијанец, децата и младите во најразлични маски ги посетуваат дмовите вечерта спроти Василица. Во Ѕвегор обичајот с еодвива преку ден, на самиот ден на Василца. Тоа останало така од дамнина, поради тоа што селото некогаш било турско.

  • Адетот е одамна и тој значи посакувања за Среќна нова година. Тоа е театар на отворено, суроваскарите се актерите, а селото е театарот, кажа Стеван Манасиевски, жител на с. Ѕвегор.

Живото наследство под маски во Пијанец , олицетворено преку Ѕвегорската Сурова,не е единствено во регионот. Магиските и практичните обреди од Божиќ до Водици за време на некрстените денови, имаат длабоки корени во обичаите, традициите на овдешното население.

SHARE

LEAVE A REPLY