Природа и здравје – Со лаванда против габична инфекција

Секое десето кожно заболување е предизвикано од габи. Габичките на ноктите се нарекуваат “онихомикоза”и во денешно време се доста распространети меѓу луѓето.

Габичките не се појавуваат само на ноктите, туку и на кожата и косата. Но, на ноктите, болеста е најупорна и претставува естетски проблем.

Има многу фармацевтски производи кои помагаат во ваква ситуација, но можете да пробате да делувате и дома. Направете третман со есенцијално масло од лаванда.Тоа има силно антифунгално дејство и делува уништувачки на габите кои се создаваат на кожата и ноктите.

За третман, едноставно нанесете неколку капки масло од лаванда во погодените области на кожата и оставете го да се исуши. Повторувајте го ова три пати на ден.

SHARE

LEAVE A REPLY