Природа и здравје – Лекови за подобра циркулацијата

Лошата циркулација на крвта може да предизвика многу болести. Се манифестира преку неколку лесно забележливи симптоми како: ладни раце и нозе, хроничен замор и исцрпеност, отоци на рацете и нозете, бавно заздравување на раните и др.

За да го подобрите протокот на крвта, лекарите препорачуваат да пиете многу вода. Ова е наједноставниот и најефикасниот совет, а се препорачува и додавање рибино масло во исхраната.

Консумирајте лук, а исто така можете да направите тинктура од костен и на тој начин да ја подобрите крвната циркулација. Костенот содржи елементи кои овозможуваат и му помагаат на организмот ефективно да се бори со проширени вени и тромбофлебитисот. Се подготвува на следниов начин:

Треба да се земат 50 гр сецкан костен и да се прелие со 500 мл вотка. Добиената мешавина треба да стои околу 10 дена. Тинктурата треба да се консумира четири пати на ден по 5 капки додека проширените вени не се повлечат.

SHARE

LEAVE A REPLY