Природа и здравје – Лекување на ишијас

Ишијалната болка не е нешто што треба и може да се издржи. Таа го блокира речиси целиот долен дел од телото, па за да им помогнеме на оние кои мака мачат со вакви болки, еве домашен рецепт за спас.

Потребно ви е: 4 чешниња лук; 200 ml. свежо млеко; мед по вкус; прстофат куркума и малку бибер.

Исчистете го лукот и исечкајте го. Ставете го во соодветен сад, па додадете го  и млекото. Содржината ставете ја на загреана рингла, а откако ќе се свари мешавината оставете ја на собна температура да се олади. Откако ќе се олади доволно, додадете го медот, куркумата и биберот.

Користете го овој пијалок еднаш дневно и брзо ќе забележите позитивни промени.

SHARE

LEAVE A REPLY