200.000 евра ќе треба да плати штипската клиничка болница на лекарите што тужеа

 

Најмалку 200.000 евра ќе ја чинат Штипската болница барањата за исплата на заостанатите паушали и дежурства. Ова е грубата пресметка која ја направиле во болницата , но за точните бројки се уште се чекаат резултатите од вештачењето:

  • Јас имам разговарано во Фондот за здравство, очекуваме во најскоро време да дојдат контролори и коишто ќе пресметаат наназад за сите вработени во болницата дали и колку треба да им платиме, изјави д-р Ален Георгијев, дир. на Клиничка болница – Штип.

Во меѓувреме, болницата ќе започне со редовна исплата на овие надоместоци:

  • Има генерално првични сигнали дека ќе ни помогнат со финансиски средства во тој дел, дополни Георгијев.

Сепак, доколку вработените одбијат да ја прифатат понудата на болницата и решат парите да ги барата преку суд, тоа за болницата би значеле нови  трошоци и сериозна опасност за нормалното работење:

  • Ако стигнеме до тужби и судови, ќе бидеме во длабока црвена зона, работата ќе ни се блокира, истакна Георгијев.

Пари за ноќна работа и други надоместоци на персоналот од Штипската болница не им бил исплаќан со години, но законски пари можат да се исплатат само за последните три.

SHARE

LEAVE A REPLY