Бизнисмените бараат укинување на драконските казни

Сметаат дека при утврдување на висината на глобата треба да се земе предвид и тежината и природата на направениот прекршок, степенот на одговорноста на сторителот и останатите околности под кои е направен.

  • Прекршочниот платен налог е далеку пофер затоа што нуди право на жалба ако се призане делото и право на 50 проценти попуст ако се плати во рок од осум дена. Мандатниот платен налог ние би го исфрлиле и би се фокусирале на прекршочниот каде што и државата и стопанствениците би биле задоволни, изјави Ѓино Шкријељ, претседател на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори.

Според нив, државата многу почесто треба да го користи механизмот на опомена:

  • Сметаме дека на фирмите кои направиле помал прекршок треба да им се изрече опомена и да им се организираат обуки како да го усогласат своето работење со законските регулативи, кажа Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија.

Инаку, Законот за прекршоци уредува дека глоба на правно лице може да биде изречена во износ меѓу 200 и 5.000 евра, но истовремено уредува и дека на пример со Царинскиот закон максималната пропишана глоба да биде 15.000 евра, а со Законот за води и до 20.000 евра.

Ваквите казни , кои бизнисмените ги нарекуваат, драконски досега затвориле многу мали и средни компании, тврдат од бизнис секторот и не одат во насока на подобрување на економијата.

SHARE

LEAVE A REPLY