Брегалница поразена и од Струмска Слава

Екипата на Брегалница се врати со два порази од подготовките во Бугарија. Откако во првиот пријателски натпревар во Сандански, Брегалница беше поразена од екипата на бугарскиот југозападен третолигаш Вихрен, викендов се врати од Бугарија со уште еден пораз, овој пат од екипата на Струмска Слава.

Натпреварот тргна надежно за сините со погодокот на Наумов за 0:1, но екипата од Радомир се покажа како истрајна, па во рок од само неколку минути поведе со конечните 2:1, со головите во 35. и 40 минута.

До крајот на подготовките на Брегалница и преостануваат уште два натпревари, на 17 против велешки Борец и на 24 против екипата на Гостивар.

SHARE

LEAVE A REPLY