Гладијаторите во Штип донесоа две бронзи од Европскиот Куп

Гладијаторите во Штип донесоа две бронзи од Европскиот Куп „Карловац Опен“, кој од петок до вчера се одржуваше во овој хрватски град.

Славче Арсов во првата борба славеше над претставникот на Хрватска со 3:0, а во втората загуби од претставникот на Унгарија со 2:1.

Никола Нацев, пак, славеше во првата борба против босанскиот претставник, а загуби од словенечки кик боксер со 3:0.

Од Гладијатор се задоволни од прикажаните борби на Арсов и Нацев. Евроспкиот Куп е едно од најсилните натпреварувања во Европа, каде учество земаат најдобрите клубови и натпреварувачи од стариот континент.

Веќе следниот викенд гладијаторите ги очекува нов предзивик – државното првенство на Македонија.

 

SHARE

LEAVE A REPLY