Кит-Го Пехчево посилен и од Еуромилк

Нема крај на доминацијата на третолигашот Кит-Го Пехчево на теренот. Во последните 4 натпревари, Кит-Го обезбеди едно реми и три победи.

Најнов пораз од пехчевската екипа заработи Еуромилк, кој во Дојран на клупите замина со резултат од 3:1. Стрелци на головите за Кит-Го беа Димовски, Стојанов и Тонев. До крајот на подготовките Кит-Го има уште еден натпревар против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

SHARE

LEAVE A REPLY