Недела на математичко моделирање при УГД

Математичкото моделирање мора да се приближи до индустријата. Станува збор за обид за соединување на две релативно оддалечени но во истовреме и многу блиски гранки, зашто без математика нема вистински индустриски развој.

  • Потребата од математика во индустирја или во технички науки генерално е многу голема. Затоа сум и јас денес овде. Дека вакви настани како што е ова „modeling week“ сега што се одржува на УГД е најблго кажано ја кристализира потребата од математиката во техничките науки, изјави, Бети Андоновиќ, универзитетски професор

Само на овој начин ќе може да се најде заедничко решение за индустриските проблеми, сметаат експертите.

  • За индустирски процеси поврзани со производство на современи композити каде што со помош на математичко моделирање може да се постигне оптимизација во процесите и подобрување на самите процеси, кажа, Винета Сребренкоска, универзитетски професор

Ова меѓу другото беше кажано денес на УГД, на првата недела на математичко моделирање, настан кој е единствен од ваков вид во Македонија.

  • Овој проект ќе ни помогне пред се, во промоција на нашата држава на европско ниво, во промоција на нашите активности како конзорциум кој што се залага за примената на математиката во реалните проблеми, изјави, Татјана Атанасова Пачемска, универзитетски професор

Неделата на математичко моделирање е организирана од страна на Факултетот за информатика, Технолошко-техничкиот факултет и Електротехничкиот факултет при УГД, поддржана од „COST Action Mathematics for Industry Network“.

SHARE

LEAVE A REPLY