Одрони четири дена ќе го блокираат патот кај Истибања. Се најавува итна санација на алтернативат преку Бигла

Одрони четири дена ќе го блокираат патот кај Истибања. Се најавува итна санација на алтернативат преку Бигла кој во моментов се користи за преминување, но е во исклучително лоша состојба:

  • Овој патен правец е проширен во должина од околу 1,5 км но со градоначалникот на Делчево аплициравме до ЈП за државни патишта и побаравме негово целосно проширување, изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Според најавите, проширувањето на патот ќе биде од сегашните три на пет метри, а целата инвестиција е во вредност од 52 милиони денари. Од нив, околу 30 милиони се однесуваат на делот кој се наоѓа на виничка територија.

Средствата се очекуваат од ЈП за државни патишта по заедничко барање на општините Виница и Делчево. Со работа, ќе се почне на почетокот на март.

Во меѓувреме, се врши минирање на напукнатите карпи кај Истибања и овде патот ќе биде затворен најмалку три до четири денови. Ваквите активности доаѓаат, по неќнашните одрони кои целосно го блокираа овој патен правец, а сообраќајот се одвива преку алтернативниот пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Клисурата кај Истибања е најкритичната точка на Истокот кога во прашање е опасност од одрони. Целосна блокада на патот имаше и пред две одини кога огромна карпа падна на патот. Последиците оттогаш целосно не се расчистени до денес.

Новите одрони дополнително ја комплицираат остојбата, но и ја наметнувата потребата од изнаоѓање на итно решение за трајно решавање на проблемот.

SHARE

LEAVE A REPLY