Општина Виница ќе потроши 220 илјади денари за решавање на проблемот со кучињата скитници

Општина Виница годинава ќе потроши 220 илјади денари за акциите за заловување и третман на бездомните кучиња.

Парите се обезбедени од буџетската сметка, а сумата е скоро двојно поголема во однос на лани. Заловувањето повторно ќе го вршат екипи на ветеринарниот центар од Куманово, чија понуда беше избрана за најповолна на тендерската постапка.

  • Денеска ја организиравме првата овогодишна акција за заловување и вакцинирање на бездомните кучиња, при што третирани се дваесетина животни за кои добивме реакции од граѓаните, рече Александар Иванов, соработник за животна средина во Општина Виница.

Заловувањето на кучињата се реализираше во централното подрачје на Виница каде имало најмногу поплаки за агресивност и напади од животните.

Следната акција за третман на бездомните кучиња ќе се одржи на почетокот на идниот месец, а до крајот годината се планирани уште неколку заловувања.

SHARE

LEAVE A REPLY